еМагазин
Image default
Бизнис

Лани 58.318 компании имале промет од 22 милијарди евра, а за работниците одвоиле 2,3 милијарди евра

Според податоците на Државниот завод за статистика, 58.318 пазарноориентирани деловни субјекти активни во областа на индустријата, градежништвото, трговијата и останатите услужни дејности лани оствариле вкупен промет од 22 милијарди евра и додадена вредност од 4,8 милијарди евра.

За ангажираните 397.067 вработени лица, издвоени биле 2,3 милијарди евра.

Најголем промет е реализиран од секторот Трговија на големо и на мало со 40.8 %, а по него следат секторот Преработувачка индустрија со 28.6 %, Градежништво со 6.7 %, Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со 6.6 % и секторот Транспорт и складирање со 5.8 %.

Секторот на преработувачка индустрија има најголемо учество во вкупната додадена вредност со 27.6 %, следен од секторот Трговија на големо и на мало со 24.0 %. Значително учество во додадената вредност има секторот Градежништво (9.8 %), додека подеднакво учество од 8 % имаат секторите Транспорт и складирање и Информации и комуникации.

Во однос на големината на претпријатијата, доминираат микропретпријатијата со помалку од 10 вработени (90.5 %), најголемиот дел од нив се од областа на трговијата.

Со ангажирани 31.3 % од вкупно вработените, тие создале 20.9 % од вкупната додадена вредност. Големите претпријатија со учество од само 0.3 % и со ангажирани 26.3 % од вработените создаваат 34.2 % од вкупната додадена вредност во рамките на деловниот сектор, и тоа, главно, во секторот Преработувачка индустрија (14.1 %).

Сепак, најголем е потенцијалот на малите и на средните претпријатија (со 10 до 249 вработени), кои ангажираа 42.3 % од вработените и создадоа 44.9 % од вкупната додадена вредност во деловниот сектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„6 Мај“ купи, “Јан комерц“ продаде акции во битолски “Фустеларко Борец“

Редакција

Фадил Бајрами повторно е именуван за вицегувернер на Народната банка

Редакција

„Кристал 1923“ оствари добивка од 17,1 милиони денари за девет месеци

Редакција