еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемување од 9,6%: Просечната плата во август изнесувала 27.535 денари

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2020 година изнесувала 27.535 денари, што е зголемување за 9,6 % во однос на истиот месец претходната година.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (20,4 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (16,9 %) и Дејности на здравствена и социјална заштита (13,2 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација (18,4 %), Земјоделство, шумарство и рибарство (9%) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (4,7 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата се согласи Енвер Малиќи да стане почесен конзул на Мексико во Македонија

Редакција

Владата вработува шест лица, плата до 26.253 денари

Редакција

РЖ Услуги во загуба во првото полугодие од годинава

Редакција