еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе го „подбере“ ли некој конечно поглаварот на ИВЗ, Реџепи за континуирано јавно ширење омраза

Поглаварот на Исламската верска заедница (ИВЗ), Сулејман Реџепи, наместо љубов и разбирање, што се очекува од човек на негова позиција, продолжува да шири неразбирање и говор на омраза.

Последната во низа скандалозни изјави ја упати до формално-правниот поглавар на ИВЗ, Скендер Бузаку, кој му постави ултиматум во рок од 72 часа (кои истекуваат денеска), да ја напушти челната позиција во ИВЗ и најави дека во спротивно ќе објавел тешки криминали за него.

„Не се занимавам со геј. Гејови треба да бидат надвор од ИВЗ“, му одговори на Бузаку, Реџепи.

Пред извесен период, кога повторно беше актуелно „препукувањето„ со Бузаку, Реџепи на прес конференција порача дека не ја жали судијката, која донела одлука нов поглавар да биде Бузаку.

„Слушнав дека имала проблеми со здравјето. Не ја жалам, таквите нека починат“, изјави Реџепи и доби аплауз и одобрување за кажаното од присутните околу него.

Претходно, пак, во друга изјава, на церемонијата на поставувањето на камен темелникот на џамијата во скопското село Арнакија, македонскиот народ го нарече див и без идентитет.

„Овој народ, со кој што заедно живееме е див, беспримерно див. Затоа немаат идентитет и никогаш  нема да го имаат…”, изјави Реџепи.

Со овие изјави Реџепи го крши членот 391 од Кривичниот законик, според кој не е дозволено предизвикување на омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа.

А Реџепи, не е било кој, туку поглавар на цела една заедница, па неговите изјави уште посериозно треба да се сфатат од надлежните институции.

Ако тој си дозволува вака да се однесува јавно, Бог знае што прави зад камери.

Ама ете за ништо се уште не одговарал.

Од Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи најавија дека ќе го анализираат неговиот говор за македонскиот народ во кој никој нема дилема дека се шири говор на омраза, ама до сега нема информација што заклучиле овие институции.

Владата пак срамежливо ја осуди оваа негова скандалозна изјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поглаварот на ИВЗ, Сулејман за ултиматумот од Бузаку: Не се занимавам со геј

Бузаку побара од Реџепи за 72 часа да си замине од ИВЗ, во спротивно ќе објавувал тешки криминали

Фото: Фејсбук/Реџепи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот офицер нема јужноафрикански, детектиран му е нигерски сој на Ковид-19

Редакција

Груевски не е задоволен од одговорот на Мицкоски, бил “рекла-казала“

Редакција

Канабисот отстранет од списокот на најопасни дроги на ОН

Редакција