Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција во Владата информираше за смената директорите на институции, раководители, членови на Управни одбори.
За разрешување, Заев ќе ги предложи директорот на МЕПСО, Сашо Василевски, директорот на „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ), Драган Миновски, директорот на „Македонија пат“, Гајур Кадриу, директорката на Клиниката за детски болести, Катерина Ставриќ, директорот на МЖ „Инфраструктура“, Ирфан Асани, директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мехмедовиќ, директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова и други членови на Управни и Надзорни одбори.
За смената на директорите во енергетскиот сектор, Заев реча дека причините се сестрани, и заради притисок од јавноста за вработувањата, тендерите ,но и за нереализирани капитални инвестици, блокирање на процеси, забелешки од меѓународни институции, недоволна транспарентност, неспроведување на одлуки на Влада, слаб менаџмент.
Тој додаде дека на дел од нив ќе им бидат понудени други работни места.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Детална листа: Кои се функционерите кои ги зафати „метлата“ на премиерот Зоран Заев?