Ќе нема реконструкција на Владата, туку нова влада што ќе ја состави нов премиер, кој ќе биде и лидер на СДСМ, велат за „Слободен печат“ добро упатени извори од кабинетот на актуелниот премиер и лидер на СДСМ, Зоран Заев.
По окрупнувањето и зацврстувањето на парламентарното мнозинство, кое се очекува да се случи наскоро, премиерот Заев ќе ги активира оставките што ги најави – и на функцијата премиер и на лидерската во СДСМ.
Според ова засега неофицијално сценарио за развојот на настаните, по официјализирањето на оставките ќе следува избор на нов лидер на СДСМ, а тој ќе биде и мандатар за состав на новата влада, пишува Слободен печат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Следната недела ќе се официјализира новото парламентарно мнозинство, најави Османи
Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.