еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Почна новата кампања за економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан

Почна кампањата насловена „#ЕУиТИ – Заедно можеме” низ целиот регион на Западен Балкан, која има за цел да ги истакне можностите и приоритетните проекти кои ќе се спроведат во регионот, како дел од Економскиот и инвестициски план (ЕИП) на ЕУ за регионот.

Како што соопштија организаторите, ЕИП издвојува речиси 30 милијарди евра за финансирање и инвестиции во областите на зелена и дигитална транзиција, поврзаност и раст. Овoј исклучителен вид на поддршка има за цел да му помогне на регионот да зајакне после пандемијата и да отвори можности за иден раст, како и да го доближи Западниотен Балкан до ЕУ.

Вклучени се значајни инвестиции за справување со еколошките и климатските предизвици, надградување на дигиталната инфраструктура и максимизирање на потенцијалот за раст на дигиталната економија, одржлива транспортна инфраструктура и овозможување на подобри конекции во самиот регион, но и со ЕУ, премин кон чиста енергија и постепено исфрлање на јагленот, како и поголема употреба на обновливи извори.

„#ЕУиТИ – Заедно можеме” е втората од три регионални кампањи за подигање на свеста кои се спроведуваат од Европската комисија во тек на три години. Развиена е од Регионалната комуникациска програма за Западен Балкан на Европската Унија.

Содржи интересен мултимедијален микс, вклучувајќи и инфлуенсери и активисти кои се посветени на работа поврзана со главните теми на кампањата и анимирани видео спотови за секоја од четирите теми.

Рекламирањето на ТВ, радио, билборди, веб и социјални мрежи започнува на 15 ноември и ќе трае еден месец.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Згрутчувањето на крвта е можнa нус појава од вакцината на „АстраЗенека“, потврди Eвропската агенција за лекови

Редакција

„Корпа“ за Македонија од Советот на министри на ЕУ: Конечната одлука оставена на лидерите

Редакција

(Видео) Досега реализирани околу 5 милиони евра инвестиции преку првиот повик од ИПАРД 2

Редакција