еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ закажа конгрес на партијата во декември, побара и брзи парламентарни избори

Со СДСМ нема да има нова влада, може само да има продлабочување на економската, енергетската и политичката криза. ВМРО-ДПМНЕ затоа смета дека брзи избори би биле единственото решение за излез од таквата криза, а се друго е продлабочување на кризата и уште поголема неизвесност, изјави по вечерашната седница на Извршниот комитет на партијата, пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, посочи Ковачки, расправал и за партиски прашања и утврдил дека претстојниот редовен конгрес на партијата ќе се одржи на 12 декември во Скопје.

-На овој конгрес ќе се трасира патот на идното делување и политиките на ВМРО-ДПМНЕ во насока на нашите ветувања за обезбедување на промени во општеството и нова иднина за сите луѓе во Македонија, изјави Ковачки.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Службен весник вработува шест лица, плата до 43.112 денари

Редакција

Градоначалникот на скопски Бутел позитивен на Ковид-19

Редакција

Расте бројот на должници на УЈП, и кај фирмите и кај граѓаните

Редакција