еМагазин
Image default
Бизнис

Ќе се менува законот за јавни набавки за полесно да се купат вакцини за Ковид-19

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за здравство ја разгледа и усвои Информацијата за вакцинацијата против коронавирусот, и задолжи неколку институции да изготват акциски планови и стандардни оперативни процедури за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против Ковид-19.

„Владата ги задолжи Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), Царинската управа и Министерството за здравство во рок од 7 (седум) работни дена да изготват и до Министерството за здравство да достават сопствени акциски планови (активност, надлежна внатрешна организациона единица, овластено лице/овластени лица, рокови) и стандардни оперативни процедури (СОП) за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините против Ковид-19, согласно нивната надлежност и нивната улога во спроведувањето на Националниот план за вакцинација против Ковид-19“, се наведува во соопштението од владината седница.

Во врска со оваа информација, Владата му препорачува на „ТАВ Македонија“ ДООЕЛ Скопје во рок од седум работни дена да изготви и до Министерството за здравство да достави сопствен акциски план и стандардни оперативни процедури за прием, физичко обезбедување, чување, дистрибуција и аплицирање на вакцините.

„Министерството за финансии и Бирото за јавни набавки, во соработка со Министерството за здравство, во рок од најдоцна 5 (пет) дена треба да изготват Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки со што ќе се овозможи плаќање на аванс поголем од 20 отсто од цената и ослободување од обврската за обезбедување банкарска гаранција за авансно плаќање во постапките за јавни набавки директно поврзани со справувањето со епидемии и пандемии на заразни болести“, се истакнува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Бугарија ќе ни донира вакцини против Ковид-19

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тиквеш“ годинава со рекорден откуп и највисока просечна цена

Редакција

Томислав Тунтев стана генерален директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство

Редакција

Егзотичните острови Бахами и Бермуди меѓу петте најголеми странски инвеститори во земјава

Редакција