еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Ќе се тестираат ли и во Македонија на своја сметка невакцинираните вработени во јавниот сектор?

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи бара сите вработени во образовните установи во оваа општина да се вакцинираат или да се тестираат на секои три дена.

“Ние како штаб за Тетово ќе ги контролираме дали имаат барем една доза вакцина вработените. Тие што не се вакцинирани во училишта ќе бидат обврзани секои 72 часа да донесат доказ за негативен тест и да продолжат да работат.

Мислам дека мора да повикуваме на вакцинација и малку да наложиме. Ние како локални авторитети, ние ќе го спроведеме, поради здравје на сите. Свесни сме дека некој поради здравствени причини не може да прими вакцина, ама тоа може да се аргументира пред училиштето.

Како што се прави тестирање за шетање, така и за школо ќе се прави“, изјави Арифи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во училиштата во Тетово од невакцинираните вработени ќе се бара да прават тест на секои три дена, најави Теута Арифи

За оваа барање на Кризниот штаб на Општина Тетово, со кој раководи Арифи, треба да „пресече“ Владата.

Дали тоа ќе стане реалност за вработените во овие установи во Општината ќе видиме наскоро, бидејќи сме на неколку дена од почетокот на новата учебна година, но и ќе видиме дали вакви барања ќе има и за други државни и јавни институции, установи, фирми…, како што е примерот во соседна Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Невакцинираните работници во Грција од септември на свој трошок ќе треба да се тестираат еднаш или двапати неделно

Имено, како што е веќе познато невакцинираните вработени во приватниот и јавниот сектор во Грција од 13 септември ќе треба еднаш седмично да се тестираат со рапид тест, исклучиво во приватните дијагностички центри, тестот ќе биде десет евра, а невакцинираните сами ќе си ги покриваат трошоците.

За невакцинираните вработени во туризмот, образованието, угостителство, во телевизиските, театарските, кинематографските и музичките продукции, како и за студентите задолжени се два тестови седмично, кои исто така ќе ги чинат по десет евра од тест и ќе бидат на сопствен трошок.

За учениците, задолжителни се два селф теста седмично, кои ќе бидат бесплатни.

За сега во Македонија нема вакви најави и вакцинацијата не е задолжителна за никој, дури ни за здравствените работници, како што е на пример во Грција, а истото го планира и Србија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Задолжителна вакцинација на здравствените работници планира Србија

По појавата на делта сојот во многу земји низ светот се преземаат мерки во ваков правец.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За 2,6 пати повеќе нови случаи на Ковид-19 во Македонија споредено со минатата недела

Редакција

Пендаровски не гледа ниту една основа за ново бугарско вето

Редакција

Руски агенти работеле против договорот на Бугарија со Македонија, тврди Петков

Редакција