еМагазин
Image default
Локално

Ќе се воведува ред во паркирањето: ЈП ПОЦ ќе поставува блокатори на резидентни паркиралишта

Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи на Општина Центар“-Скопје, од 10-ти април (среда), започнува со воведување ред на резидентните паркиралишта, информираат од таму.

Ќе се поставуваат „блокатори“ на сите возила кои ќе бидат затекнати на резидентно паркиралиште, а не се корисници-резиденти на секторот во коjшто се паркирани, со цел да им се овозможи на жителите на општина Центар непречено да ги користат резидентните зони исклучиво за нивните потреби.

„Поставувањето на механичко средство „блокатор“ во зона 0 и зона 01 ќе изнесува 1.200 денари, во зона 1 – 960 денари и во зона 2 – 720 денари. Доколку казната не се плати во рок од два часа, возилото ќе биде отстрането со специјалното возило „пајак“.

Акцијата ќе започне во зона 01, во секторите Дебар Маало и Градски парк, а потоа ќе продолжи и во останатите сектори со кои стопанисува претпријатието. Оваа промена се воведува заради големиот број поплаки од граѓаните кои не можат да се паркираат на нивниот паркинг од други возила кои не се на станари“, се додава во соопштението.

Жителите на општина Центар и понатаму ќе можат бесплатно да ги користат комерцијалните паркиралишта и монтажните гаражи со кои стопанисува претпријатието, а останатите граѓани ќе можат да го регулираат нивниот престој во јавните паркиралишта со наплата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Хорор во Велес: Сакал да ја убие сопругата тепајќи ја со кабел

Редакција

Со фалсификувани 100 евра плаќал сметка на бензиска пумпа

Редакција

Автобуси со неисправни кочници возат низ Скопје

Редакција