Премиерот Зоран Заев денеска потврди дека досегашниот директор на „Пошта“, Ејуп Рустеми, ќе биде нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта.
Заев исто така најави дека од денеска ќе почне назначувањето на директорите на институциите кои се под надлежност на Владата.
„Дел од одлуките ќе бидат донесени денеска, а за дел ќе биде распишан конкурс, бидејќи има институции кои своите раководни места ги избираат на конкурс. Има и дел од одлуки со кои ќе се дадат јасни упатства на Управни и Надзорни одбори поставени од Владата за политичко постапување на раководните места,“ додаде Заев.
„Пошта“ претпријатието со кое раководеше Рустеми, лани прикажа загуба од еден милион евра, а Владата најави јавно-приватно партнерство за оваа компанија.
Рустеми е кадар на ДУИ, а беше и поранешен пратеник.
Фото: Фејсбук/Рустеми