еМагазин
Image default
Македонија

Еден од обвинетите позитивен на Ковид-19: Одложено рочиштето за „Плацеви на Водно“

Главната расправа за предметот со КОК бр. 63/21 во јавноста познат како „Плацеви на Водно“, која требаше да се одржи денеска, се одлага по известување дека еден од обвинетите се наоѓа во домашна изолација по добиен позитивен тест на Ковид – 19 вирусот, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.

Согласно протоколите за заштита од Ковид – 19, главната расправа ќе се одложи со цел да помине периодот за изолација, a судењето ќе продолжи на 2 декември во 10:00 часот, за што странките во постапката се веќе известени, наведуваат од Судот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грција го отвори прашањето за Договорот од Преспа пред Европскиот совет и ги обвини Мицкоски и Сиљановска за негово непочитување

Редакција

Убава вест: Оздравени 680 заболени од Ковид-19, најмногу во Скопје 274

Редакција

Во неодамнешните акции на МВР уапсен и син на пратеник

Редакција