еМагазин
Македонија

Еден пациент почина од Ковид-19 во велешката болница

Во Општата болница во Велес вкупно се хоспитализирани 38 пациенти од кои 29 се потврдени позитивни, двајца се сомнителни, а седум имаат негативен тест, но задржани се на болничко лекување. На кислородна поддршка се 14 пациенти, информира портпаролот на болницата, д-р Елеонора Јованова.

На Инфективно одделение со 54 кревети има 31 пациент, а на Интерно Б крак седум пациенти кои се лекуваат со последици по прележан Ковид-19.

Испишани се тројца пациенти како оздравени со по еден негативен тест. Починат е еден пациент на 79 – годишна возраст, лекуван два дена на Инфективно одделение.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

И СДСМ на оглас ќе бара кандидати за претседател на државата

Редакција

Почна јавната дебата за уставните измени: Според Заев, прифатливите предлози би можеле да станат дел од уставните амандмани

Редакција

На интернет петиција за поддршка на просветниот инспектор Ѓорги Илиевски

Редакција