На 07.01.2019 околу 19,35 часот пријавено е дека пред кафе бар на ул.Битолска во Демир Хисар дошло до физичка пресметка помеѓу Д.Ј(40) од с.Вардино-Демир Хисар, М.Г (25) од Битола,З.М (39) од Битола од една страна, а од друга страна Н.П(24) од с.Слепче-Демир Хисар и И.Т(24) од Демир Хисар, а се вклучиле и други лица, информира МВР.
Бил употребен и нож, а на М.Г. му била нанесена убодна рана. Приведени се четворица учесници. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.