еМагазин
Image default
Македонија

Единасетта жртва на корона вирусот во Штип

Штипјанец на возраст од околу 55 години е 11 жртва во коронавирусот од тој град. Тој во Градската oпшта болница во „8 Септември“ во Скопје бил примен пред неколку дена со други здравствени проблеми, а тестот покажал дека сепак е позитивен на вирусот.

Штипјанецот, кој почина беше вработен во Општина Штип и подолг период не бил на работа.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова вели дека досега се пристигнати позитивни резултати за 22 лица од Штип, од кои пет се работници од приватниот скрининг на штипската конфекција.

-Во тек се епидемиолошките анкети со остантите лица, на кои резултатите денеска им се пристигнати, по што ќе се утврди како се заразиле, односно дали се од постојните фабрички кластери или се контакти на веќе заразените, вели Димитрова.

Неколку конфекции во текот на денот им најавиле дека ќе ги затворат погоните со цел да не се шири вирусот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Штип ќе се постави монтажна болница за бранот на корона вирусот од септември

Во Домот за стари лица во Радовиш 7 штитеници и тројца вработени позитивни на Ковид-19

МИА/Фото: Општина Штип

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Вчера за ЕК беше македонски, денеска е “јазикот кој го зборуваат луѓето во РС Македонија”

Редакција

23-годишник од Мала Речица е вториот осомничен за симнувањето на знамето на МПЦ на Попова Шапка

Редакција

Забрана за свадби и прослави во затворено во Тетовскиот регион, бараат Филипче и Комисијата за заразни болести

Редакција