еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Единствениот монах Македонец со потекло од Лерин се моли на македонски на Света Гора

Славата и парите не биле доволни за да го задржат во светот. Георгиос Теохарис од Лерин, по потекло Македонец, се искачил на највисоките скалила во шампионатот за борење, освоил 11 медали, но, кариерата, семејството, пријателите и домот, ги оставил зад себе и пред околу две децении побегнал на Света Гора, во Катунакија, каменлива област на југот од Атонскиот полуостров, пишува „religija.mk“.

Таму Героргиос, го добил монашкото име отец Василиј и го започнал аскетскиот живот. Македонците од Егејска Македонија тврдат дека тој е единствениот монах Македонец, кој молитвите ги кажува на македонски јазик.

– Тој е од Лерин. Пред многу години замина на Света Гора и во пештерата чита молитви на македонски јазик. Тој е единствениот од цела Цариградска патријаршија, значи од Ерусалим па наваму, кој се моли на нашиот јазик, вели Василис Каритидис од Леринско на Фејсбук.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Беќаровски за новите мерки: Во лифт се осеќам побезбедно кога се возам со вистински прележан од Ковид-19, отколку со комплетно вакциниран

Редакција

Доктор Даниловски објаснува зошто омикрон ќе остане поопасен од грипот

Редакција

Македонец во Франција: Од дома излегуваме со лист на кој стои причината зошто мораме надвор

Редакција