еМагазин
Image default
Локално

Едно лице изгоре во пожар во кочанското село Грдовци

Во пожар што рано изутрнава избувна во куќа во кочанското село Грдовци, едно лице почина, а друго се здобило со повреди и е префрлено на лекување во Општата болница – Кочани.

Со брза интервенција на екипа од Територијалната противпожарна единица од Кочани, пожарот е локализиран и спречено е проширување на огнот врз целиот објект.

-Околу шест часот утрово добивме повик за интервенција во станбен објект во Грдовци, при што затекнавме пламен во две простории.

За жал, едно машко лице на 46-годишна возраст беше изгорено, а неговата мајка, која вдишала штетни гасови од чадот, е префрлена во кочанската болница.

Интервениравме со три возила и пет пожарникари, при што спречивме пламенот да ги зафати и соседните простории со придружните објекти во близина.

Првичните наоди водат кон претпоставка дека пожарот е предизвикан од неизгасена цигара што починатото лице ја имало додека лежело во креветот, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица – Кочани.

На местото на пожарот во тек е увид од страна на полициски инспектори и јавен обвнител.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца арачиновци се обиделе да прегазат полицаец во Куманово

Редакција

„Љубовна драма“ меѓу вработени во Општина Карпош заврши со крвава пресметка со нож и отказ

Редакција

Малолетник и 33-годишна жена загинаа во сообраќајка на патот Крушево – Кривогаштани

Редакција