еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Едно лице почина во пожар во стовариште во кумановска фирма

Едно лице почина во пожар, кој избувнал денеска во канцелариски простории на стовариште за градежен материјал во Куманово. Пожарот во територијалната противпожарна единица бил пријавен во 15 часот.

Во моментов пожарот е под контрола, екипите работат на негово догасување.

– На терен се упатија две екипи од противпожарната единица, со шестмина пожарникари. Зафатени биле канцелариски простории во кои живеело едно лице.

Во пожарот настрадал човек кој се обидел да го гаси пожарот, но најверојатно дошло до задушување и човекот починал. Кога нашите екипи пристигнаа на местото, човекот беше веќе починат, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.

Пожарникарот Стојан Илиевски, одговорен на смена кажа дека во моментов работат на догасување на пожарот на објектот.

– Кога пристигнавме просторијата беше зачадена. Пожарот сега е под контрола, изјави Илиевски.

И екипи на СВР Куманово вршеа увид.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕСМ го продолжи рокот за поднесување на документација за снабдување со струја по повластена цена

Редакција

Владата ги одзема концесиите на „Тајмиште“ за два рудници

Редакција

Минимална пензија од 18.000 денари е неправедно, линерано зголемување е неуставно, вели Тренчевска за барањето на пензионерите

Редакција