еМагазин
Македонија

Ефикасноста на кинеската вакцина „Синовак“ е над 70 проценти, тврди Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека кинеската вакцина „Синовак“ е ефикасна околу 70, а не 50%.

На новинарско прашање зошто сме нарачале 500.000 вакцини од овој произиводител, Филипче вели дека во овој момент не постои друга вакцина која во толку голема количина може да стигне за краток временски период.

Целта е, вели Филипче, да бидат вакцинирани што поголем број на граѓани до летниот период за да се постигне колективен имунитет.

Кинеската вакцина „Синовак“ треба да пристигне овој месец.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Висока бројка: Починаа 24 лица од Ковид-19

Редакција

Немам информација дека луѓе се вакцинираат преку ред и без закажан термин, вели Филипче

Редакција

Таравари не дојде на седницата на Централното собрание на АА, на која се изгласа инцијатива за негово разрешување

Редакција