еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Европска Комисија: Не блокираме извоз на вакцини без причина, „АстраЗенека“ не ги почитува договорите склучени со земјите-членки

Портпаролите на Европската Комисија денеска повторно се објаснуваа пред медиумите за одлуката на ЕУ да се блокира извозот на вакцини кон трети земји. Брисел порачува дека тоа го прави со добра причина.

Поради тоа што „АстраЗенека“ не ги почитува договорите склучени со Европската Комисија и земјите членки на ЕУ се активира механизмот за блокирање на извоз на дози кон трети земји, објасни Ерик Мамер, портпарол на Европската Комисија.

– Јасно кажавме дека инсистираме „АстраЗенека“ да ги почитува своите ветувања, претседателката дури го назначи Тиери Бретон за да ги води дискусиите со компаниите, но ова не е прашање само на една компанија, туку на глобална рамнотежа помеѓу извозот и испораката на дози, нашата цел не е да блокираме за да блокираме, туку за да се осигураме дека компаниите ќе испорачаат тоа што е предвидено во договорите, изјави Мамер.

Тој истакна исто така дека „АстраЗенека“ е „екстремно важна“ во стратегијата на вакцинација на ЕУ, но и дека ЕУ има договори со голем број други компании. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕК предлага крај за сезонското поместување на стрелките на часовникот

Редакција

Невработеноста во ЕУ на најниско ниво во последните десет години

Редакција

Завршна конференција во рамки на Европската шема за млади професионалци од Западен Балкан

Редакција