еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Како изгледаат и колку чинат становите во „Diamond of Skopje“ на Лимак групацијата

Во рамките на мултифункционалниот мега проект „Diamond of Skopje“, зад кој стои Лимак групацијата, а е во вредност од 250 илјади евра, има и четири станбени згради.

Во овие згради ќе има 772 станови и 24 деловни простории.

„Цената варира во зависност од локацијата на станбената единица, катот на кој се наоѓа и експозицијата што ја има во рамки на зградата. Цената почнува од 1.420 евра/м²“, велат од Лимак Скопје за еМагазин.

Становите се со различна големина, од 42 м² до 105 м².

Дизајнот на становите е модуларен, што значи дека може да се комбинираат еднособен и трособен стан за да се добие стан со поголема квадратура и број на соби.

Директорот за продажба и маркетинг на Лимак Скопје, Бора Озерман, вели дека во двата блока во кои сега се продаваат становите, околу 30% од расположливите станбени единици се продадени и дека оваа бројка секојдневно се менува.

Кои се предностите за станарите на „Diamond of Skopje“?

„Локацијата е во самиот центар на градот со одличен поглед на градот и неговата околина и исто така има огромен зелен простор во кој можат да уживаат станарите, како и патеки за трчање, детско игралиште и други содржини за рекреација.

Станарите ќе можат да уживаат и во останатите содржини на комплексот, трговскиот центар кој е во непосредната близина, како и луксузниот хотел. Тие ќе можат да ги користат некои од услугите и просториите на хотелот под привилегирани услови и со значителни попусти.

Квалитетот на градбата е исклучителен во секоја фаза од процесот на градење и особено внимание се посветува на деталите во завршните работи.

Дополнително, квалитетот на градежните материјали што се употребуваат и современите градежни решенија, обезбедуваат одржливост која осигурува дека зградите се безбедни, но и енергетски ефикасни и еколошки.

На пример, ќе се користи специјална изолација за фасадата, ќе се вградува енергетски ефикасно осветлување, чешми кои штедат вода. Сето ова ќе ги намали трошоците на станарите за потрошувачка на електрична енергија и вода и ќе влијае на еколошките аспекти на живеењето и работењето во комплексот“, вели Озерман.

еМагазин имаше ексклузивна можност да види како ќе изгледаат овие станови:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕКСКЛУЗИВНО: Први фотографии од „Лимак Скопје Хотел“

(Галерија) Подземната сообраќајница која ја гради Лимак ќе ги има едни од најголемите потпорни ѕидови во Македонија

„Diamond of Skopje“ ќе ја има втората по големина зелена површина во Скопје

„Diamond of Skopje“ опфаќа површина од 45.000 квадратни метри, каде ќе биде сместен голем трговски центар и станбен комплекс кој првите станари ги очекува во 2022 година.

„Diamond of Skopje“ ќе ја има и најголемата зелена површина која се простира на околу 11.000 квадратни метри, втор по големина зелен појас во Скопје, веднаш по Градскиот парк.

Тоа ќе им овозможи простор за спорт и рекреација на жителите на „Diamond of Skopje“ во урбана средина, задоволувајќи ги потребите на модерниот човек, велат од компанијата.

Целиот комплекс ќе располага со затворен паркинг простор со 3.200 места.

Која е Лимак групацијата

Лимак е интернационална компанија, во која работат 60.000 вработени во градежништво, енергетика, туризам, инфраструктура и други дејности.

Во портфолиото на Лимак се и светски познати мега проекти, како новиот аеродром во Истанбул Istanbul Grand Airport, мостот Чанак кале 1915 и новиот терминал на меѓународниот аеродром во Кувајт чија вредност е 4,3 милијарди долари и претставува најголемиот договор што е доделен на странска градежна компанија.
Лимак има активни проекти во повеќе земји во светот, како Русија, Украина, Косово, Албанија, Пакистан, Саудиска Арабија, Кувајт, Мозамбик и Брегот на слонова коска.

Вкупната вредност на реализираните проекти е над 10 милијарди долари, а има над 100 проекти, почнувајќи од аеродроми и пристаништа, преку брани и постројки за наводнување, експресни патишта и гасоводи, индустриски објекти и нафтоводи и објекти за одмор и комплекси за домување.

Лимак е рангирана на 61 место на престижната листа на 250 најдобри градежни компании во светот што ја прави ЕНР (Engineering News Records). Новото рангирање за Лимак е искачување за шест места погоре од минатогодишното рангирање кога компанијата беше на 67 место на истата листа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Проф. Трајковски: Бројките на починати, нови случаи и хоспитализирани во следниот период ќе искачуваат

Редакција

Каков имот поседува семејството кое е сопственик на „Пуцко петрол“, која е во фокусот на јавноста поради конфискацијата на имотот на „Трансмет“

Редакција

Кој е Томе Блажевски, претседателот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој се отвори во Охрид

Редакција