Експертските групи од министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија одржале состанок во Софија, а кон крајот на септември се очекува да имаат нов состанок во Скопје.
Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи смета дека ова е добар почеток во комуникацијата со соседна Бугарија после кризата во односите меѓу двете држави пред неколку месеци.
– Разговорите се одвиваа во конструктивна атмосфера, се разговараа сите аспекти на билатералната соработка помеѓу двете држави и ќе продолжуваат со поголем интензитет овие средби.
Мислам дека веќе на крајот на септември може да биде наредната средба во Скопје. Продолжуваме со поредовна комуникација, бидејќи секогаш тезата ни била дека доколку ние не комуницираме, ќе дозволиме други да комуницираат, рече Османи на денешната прес-конференција.
Оваа работн агрупа, како што посочи, ќе се договори кога ќе се активираат секториските групи.
– Најважно беше да се вратиме во една нормална комуникација, бидејќи во последните месеци, за жал, комунициравме преку медиуми, соопштенија…., рече Османи.
МИА/Фото: Влада/МИА