еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Елените ќе се вратат во Националниот парк Галичица

Репродуктивен центар на елени, изградба на арборетум, подобро управување со пасиштата и зачувување на биолошката разновидност во Националниот парк Галичица.

Ова се дел од активностите кои НП Галичица и Друштвото за проучување и заштита на биодиверзитетот и одржлив развој на природните екосистеми (БИОЕКО) Скопје, почна да ги спроведува во рамки на проектот „Подобрување на заштитата, конзервацијата и управувањето со заштитеното подрачје Национален парк Галичица“, вреден 340.000 евра, финансиран од Европската унија.

Главната цел на овој проект е да се подобри управувањето на Националниот парк Галичица преку заштита, конзервација на биолошката разновидност и спроведување на мониторинг.

Проектот ќе трае 12 месеци и се состои од три компоненти: изградба на арборетум, подобрување на управувањето со планинските екосистеми на пасиштата преку изградба на репродуктивен центар за европски елен и негово повторно воведување во паркот и програма за долгорочен мониторинг на биолошката разновидност на паркот.

Со цел остварување на овие активности, НП Галичица ангажираше двајца млади биолози и лице за комуникација што претставува новина за заштитата на природата во националните паркови во Македонија.

Определена и обележена е површината на која ќе биде оформен репродуктивниот центар за европски елен, како и локациите од кои ќе се собираат растенијата со кои ќе се оформува арборетумот.

Ревизијата на Програмата за долгорочен мониторинг ќе биде вклучена и во новиот План за управување кој ќе биде изготвен во текот на 2019 година.

Овој проект е дел од Програмата на Европската унија „Подобрување на управувањето со заштитените подрачја“, вредна 4,3 милиони евра, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Благодарница за ЕДС за поддршка на проектот „Замисли желба“

Редакција

„Телекабел“ прослави 23 години работа на македонскиот пазар

Редакција

Посебни поволности за НЛБ кредитите овој февруари

Редакција