еМагазин
Image default
Македонија

Дојче Веле: Груевски наводно го немало на снимките за излез од Македонија, снимките од Албанија треба да стигнат деновие

Досегашните податоци обезбедени во предистражната постапка одат во прилог на сомнежот дека Груевски ја напуштил Македонија преку илегален премин, дознава Дојче Веле неофицијално од извори во истрагата.

“Наводно во критичните денови тој не бил регистриран од камерите дека излегува од Македонија на некој од граничните премини. Но, за целосна потврда, неопходен е и прегледот на снимките што за потребите на истрагата деновиве треба да стигнат од соседна Албанија.

Она што засега може да се смета за сигурно, е дека Груевски последниот период го поминал во испраќање писма до десетина амбасадори на земји-членки на ЕУ, при што на повеќе од 20 страници објаснувал зошто судскиот процес против него го смета за политички прогон.

Тој во истата преписка барал и средба со амбасадорите на кои им се обратил, но освен со унгарскиот и евентуално со уште еден, не остварил средба со другите, ниту добил одговори на писмото“, објави Дојче Веле.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојче Веле: Груевски користел четири стана?

Алсат М со детали како избегал од Македонија: Два дена пред бегството Груевски се поздравил со роднини и соработници

„Политико“: Унгарските разузнавачки служби му помогнале на Груевски да избега

Фото: Фејсбук/Груевски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична за злоупотреба на службена положба за поранешен градоначалник

Редакција

Павле Богоевски: Џафери го заштити организаторот од притвор, правејќи будали од сите нас

Редакција

Насер Зибери избран за народен правобранител

Редакција