еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Секоја држава самостојно да одлучи за вакцината „АстраЗенека“, препорачуваат од Европската агенција за лекови

Европската агенција за лекови (ЕМА) соопшти дека секоја земја треба сама да одлучи како ќе го третира нивниот заклучок дека по приемот на вакцината „АстраЗенека“ постои ризик од згрутчување на крвта.

При донесување на одлуката секоја земја треба да ја земе предвид моменталната епидемиолошка состојба и достапноста на другите вакцини, соопшти ЕМА, пренесувана од британските медиуми.

– Ние се обидовме да обезбедиме што е можно повеќе информации за придобивките и ризиците што ги идентификувавме, и врз основа на тоа, но и земајќи ја предвид моменталната состојба со пандемијата и можноста за набавка на други вакцини, државите можат да донесат различни одлуки за вакцината „АстраЗенека“, изјави директорката на ЕМА, Емер Кук.

ЕМА на овој начин се откажа од давање препораки и државите ќе мора да ги проценат ризиците од продолжување на употребата на вакцината „АстраЗенека“.

ЕМА, вчера потврди дека постои поврзаност помеѓу вакцината на “АстраЗенека“ и згрутчувањето на крвта, меѓутоа смета дека оваа последица е многу ретка и бенефитите и натаму се поголеми од ризиците.

За експертите од Агенцијата мора да продолжи вакцинацијата со сите расположливи вакцини затоа што тие спречуваат тешка форма на болеста и хоспитализација.

Агенцијата ќе ги информира сите здравствени работници како да ги детектираат знаците на згрутчување на крвта кај пациентите, а предупредувањата во упатството за “АстраЗенека“ ќе бидат актуелизирани и ќе го содржат згрутчувањето на крвта како можна последица од оваа вакцина.

– По продлабочена студија комитетот за фармаковигилентност на ЕМА заклучи дека невообичаено згрутчување на крвта по вакцинирањето со “АстраЗенека“ треба да биде вклучено како можен нус ефект, изјави Емер Кук, претседателка на Европската агенција за лекови.

Засега начинот на кој се случува оваа реакција не е јасен, една од можните причини е дека се случува имунолошка реакција слична на таа што се случува кај пациенти третирани со хепарин.

Ризикот од тромбоза по “АстраЗенека“ може да се случи до две недели по вакцинирањето, а можни знаци се краток здив, тешкотии со дишење, болка во вратот, главоболка и заматен вид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СЗО за „АстраЗенека“: Врската со ретките згрутчувања на крвта е веројатна, но не е потврдена

„АстраЗенека“ е една од најквалитетните и најбезбедните вакцини, им ја препорачувам и на најблиските, вели Грозданова

Пановски: Од „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од „АстраЗенека“ еден случај на 100.000

Со „АстраЗенека“ се превенираат 30.000 починати од Ковид-19 на еден милион луѓе, наспроти еден од тромбоза вели Петличковски

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 1.394 случаи на Ковид-19 од 4.920 тестирања

Редакција

Беспилотни летала-камикази утринава повторно го нападнаа регионот на Киев

Редакција

По Грција и Словенија го ратификува Протоколот за членство на Македонија во НАТО

Редакција