еМагазин
Image default
Бизнис

ЕСМ: Обилните врнежи ја отежнаа работата во рудниците во РЕК Битола, снабдувањето со струја е стабилно

Обилните врнежи од дожд и снег во битолскиот регион негативно се одразија врз работата во рудниците на РЕК Битола, а со тоа и врз целиот Комбинат, информираат од Електрани на Северна Македонија (ЕСМ).

„Врнежите од над 100 литри на метар квадратен и надојдената вода, предизвикаа застој во подготовките за поместување на траките кои го пренесуваат јагленот од рудникот Суводол до Термоелектраната, поради што од утрото во прекин е работата на Блок 2.

Производството на електрична енергија продолжува од Блок 3, и покрај сериозните предизвици со кои се соочува Комбинатот,“ се вели во соопштението.

АД ЕСМ во моментов ги задоволува потребите на електроенергетскиот систем со производство на електрична енергија од РЕК Битола, РЕК Осломеј, од хидроелектраните и од ветерниот парк.

„Компанијата испорачува електрична енергија кон универзалниот снабдувач ЕВН Хоум согласно потребите и преземените обврски, поради што граѓаните немаат причина да стравуваат за редовното снабдување со струја. Набавка на електрична енергија во моментов нема и не се планира,“ се додава во соопштението.

Фото: ЕВН

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анализа на Стопанската комора: Сивата економија зафаќа 33% од БДП

Редакција

Проектот Мој ДДВ нема да се укине и ќе продолжи и годинава, вели Лукаревска

Редакција

Кинески работници постојано доаѓаат и заминуваат од државата, Синдикатот за градежништво апелира за превенција од коронавирусот

Редакција