еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ Продажба ги подготвува договорите за снабдување со струја на компаниите и школите

Согласно Одлуките од Влада за преземање на мерката за обезбедување непречено и сигурно снабдување со електрична енергија на јавните претпријатија, основните и средни јавни училишта и компаниите од прехранбената индустрија во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија, потребно е наведените потрошувачи да склучат договор за снабдување со електрична енергија со ЕСМ Продажба, информираат од таму.

„Поради зголемениот интерес од нивна страна за процесот и условите на склучување на договорот, како и интересот на јавноста, информираме дека во наредните денови на официјалната страна на АД ЕСМ и ЕСМ Продажба www.esm.com.mk ќе бидат објавени Договорите за снабдување за наведените компании и училиштата, потребната документација за склучување на договор, упатство како и начинот на размена на документите,“ се вели во соопштението.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Електроизградба“ го доби тендерот на Град Скопје за одржување на јавното осветлување и градските часовници вреден 524.000 евра

Редакција

Владата се подготвува за Брегзит

Редакција

Барањето на Путин гасот да се плаќа во рубљи, значи раскинување на договорот, оцени германскиот министер за економија Хабек

Редакција