Европската унија (ЕУ) ќе испрати опрема и помош за справување со пожарите во Северна Македонија, објави еврокомесарот за хуманитарна помош и кризен менаџмент Јанез Ленарчиќ.
-ЕУ испраќа дополнителни противпожарни капацитети во Грција и Северна Македонија за поддршка на одговорот на локалните власти. Помошта доаѓа од Шведска, Франција, Австрија, Бугарија и од програмата Коперникус на ЕУ, напиша Ленарчиќ на Твитер.
Помош за гасење на пожарите во земјава веќе испратија Бугарија и Словенија, како и Србија со четири хеликоптери кои веќе се ангажирани во гасењето на огнената стихија.
МИА/Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.