еМагазин
Локално

Евакуацијата на станарите во ТЦ Скопјанка бил поради мелни пелени

Станарите во стамбениот комплекс ТЦ „Скопјанка“ синоќа биле евакуирани поради миризба на амонијак од користени мелни пелени.

Еден од становите во зградата, како што објасни скопскиот градоначалник, Петре Шилегов бил преполн со користени мелни пелени кои не биле фрлени подолг временски период и затоа имало зголемена количина на амонијак, што не е штетно по здравјето.

Во станот живееле две жени, од кои едната имала 90 години.

Синоќа поради непријатен мирис кој го отежнувал дишењето специјалци ги евакуираа станарите, кои со часови останаа надвор додека не добија дозвола од надлежните дека е безбедно да се вратат во становите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Специјалци ги евакуираа станарите на станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“

(Фото) Станари се евакуираат од станбениот комплекс во ТЦ „Скопјанка“ поради присуство на непозната материја

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за велешанецот кој со возило усмрти девојче на пешачки премин во Велес

Редакција

Жената од станот во „Скопјанка“ не е социјален случај, има и ќерка

Редакција

(Видео) Пожарот во фабриката кај тетовско Фалише се уште активен, го гасеа пожарникари од Куманово, Скопје, Гостивар и Велес

Редакција