еМагазин
Image default
Локално

Поради направа што наликува на рачна бомба евакуирано училиштето „Лазар Личеновски“ во Скопје

Направа што наликува на рачна бомба е пронајдена изутринава покрај автомобил на паркинг-просторот во близна на Средното уметничко училиште „Лазар Личеновски“ во Скопје, поради што се евакуирани сите присутни во објектот.

МВР потврди дека во 08:36 часот во ЕИК-Скопје е пријавено дека на улица „Митрополит Теодосиј Гологанов“ на паркинг-простор има направа што наликува на рачна бомба оставена до автомобил.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и работат на расчистување на случајот. Од МВР велат дека се уште се утврдува дали станува збор за школска или вистинска бомба.

Во инцидентот нема повредени, а на учениците и наставниците им е забранет пристап до училишната зграда.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Штипјанец се обидел да размени фалсификувани евра во менувачница

Редакција

Крими-филм во Арачиново: Го киднапирале шест вооружени лица заради вереницата

Редакција

И Министерство за здравство се оградува од проблемот со паднатиот потпорен ѕид позади Детска клиника

Редакција