еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ЕВН донира 200.000 евра за медицинска опрема и материјали и 10.000 евра за приклучок на новата монтажна болница

ЕВН Македонија донира 200.000 евра на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема и материјали за потребите на јавниот здравствен систем за справување со Ковид 19, информираат од компанијата.

Дополнително на оваа финансиска поддршка, ЕВН даде свој придонес и во подигнувањето на мобилната (полска) болница во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, донирајќи го приклучокот за електрична енергија во вредност од 10.000 евра.

„Во услови на глобална здравствена криза решивме да ја зајакнеме редовната поддршка, со дополнителна донација за македонскиот здравствен систем. Во овие вонредни услови потребна е заедничка координирана акција за што полесно справување со здравствените, но и со економските последици кои ги предизвикува ширењето на вирусот Ковид-19.

Како конструктивен партнер на општеството и понатаму ќе се трудиме активно да помагаме“, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Пред шест месеци, ЕВН веќе донираше на Министерството за здравство прочистувачи на воздух со капацитет од 2.500 кубика на час, хепа филтри и респираторни машини за високофреквентна механичка вентилација за новороденчиња, во вкупна вредност од 60.000 евра.

ЕВН како компанија која врши јавна дејност веќе презеде низа активности за да обезбеди сигурно и стабилно снабдување со електрична енергија за сите граѓани. Сите корисници се насочени да ги користат он-лајн услугите на компанијата, а активностите на компанијата се одвиваат согласно сите препораки за физичка дистанцираност, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Викимедија Македонија одржа камп во Дихово

Редакција

Волонтерите од Црвен крст за 5 месеци им помогнале на 25.064 лица полесно да се снајдат во универзитетските клиники во Скопје

Редакција

Oбезбедени се 23 единици конвалесцентна плазма за третман на 23 пациенти со корона вирусот

Редакција