еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

ЕВН Македонија со нов проект „ЛОСТ“ за стипендирање на студенти од семејства со ниски месечни приходи

ЕВН Македонија со задоволство ја најавува новата програма за стипендии „ЛОСТ“ за која ќе можат да конкурираат студентки и студенти со ниски семејни месечни примања запишани на електро-енергетските насоки на некој од електротехничките факултети во земјава.

За поддршка на 10 студентки и студенти, кои потекнуваат од семејства со вкупни месечни примања пониски од две минимални плати, во текот на една учебна година, ЕВН ќе одвојува по 8.000 денари месечно и ќе овозможи учење преку работа, менторска поддршка, како и личен и професионален развој.

Можност да добијат стипендија имаат и кандидатки и кандидати кои за прв пат годинава сакаат да се запишат на факултет. Услов за добивање на стипендија ќе биде да бидат примени како студенти на соодветните факултети.

Обврска на стипендистите е редовно да ги полагаат испитите од тековната година.
Сите заинтересирани своите прашања и апликации можат да ги испратат електронски на [email protected] до 30 септември 2020.

При доделувањето на стипендии ќе се овозможат еднакви можности и правичен третман на сите, без оглед на нивниот пол, религија, национална припадност, раса, вид на попреченост или политичка припадност.

ЕВН Македонија веќе 10 години доделува стипендии за студентите на енергетските насоки на Електротехничките факултети. Досега се доделени 50-ина стипендии, и дел од стипендистите веќе ја развиваат својата професионална кариера во ЕВН. Со овие активности интересот за насоките кои се поддржани од ЕВН Македонија од година во година е се поголем, а со тоа и бројот на стручни кадри кои се иднината на енергетиката во земјава.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алсат М е добитник на наградата „Медиум промотор на новинарството како јавно добро – Роберто Беличанец“

Редакција

Ски-центарот Нижеполе започнува со работа од денеска

Редакција

„Виталиа“ бесплатно ќе доставува здрава храна за лица над 60 години

Редакција