еМагазин
Image default
Бизнис

„Европа“ ја зголеми добивката за 137%

Од 01.01 до 30.09.2018 година А.Д. Европа-Скопје оствари добивка пред оданочување во износ од 107.478.413 денари и е поголема во однос на истиот период од претходната година за 137%, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Вкупните приходи се зголемени за 7,8% и изнесуваат 569.767.915 денари. Оперативните приходи за деветте месеци од оваа година изнесуваат 561.174.775 денари и се зголемени за 7,0% во однос на претходната година а зголемување има и кај финансиските приходи.

Расходите за деветте месеци се намалени за 4,3% во однос на истиот период од минатата година и изнесуваат 462.289.502 денари. Кај оперативните расходи има намалување за околу 1% во однос на претходната година а намалување има и кај финансиските расходи.

„Зголемувањето на приходите за 7,8% и намалувањето на расходите за 4,3% овозможи добивката за првите девет месеци од 2018 година да се зголеми за 137% во однос на истата од претходната година“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Најмногу купи Зоран Милковски: Членови на Управниот и Надзорниот одбор на Гранит повторно купија акции на компанијата

Редакција

(Видео) Проф.д-р Ванчо Чифлиганец прогласен за Личност за 2019 година од страна на новинарите од Истокот

Редакција

Реплек во првите шест месеци од годината со зголемена добивка

Редакција