еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Европа нема видено ваков бран бегалци од Втората светска војна: Повеќе од 4,4 милиони Украинци ја напуштиле земјата

Повеќе од 4,4 милиони украински бегалци ја напуштија својата земја откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на 24 февруари, покажуваат податоците на Агенцијата за бегалци на ОН (УНХЦР).

УНХЦР соопшти дека до денеска има 4.441.663 украински бегалци. Тоа е за 59.347 повеќе од претходниот ден.

Европа нема видено ваков бран бегалци од Втората светска војна. 90 отсто од оние што избегале од Украина се жени и деца, бидејќи украинските власти не дозволуваат да си заминат мажи на воена возраст.

Според Меѓународната организација за миграција на ОН (ИОМ), околу 210.000 не-Украинци, исто така, ја напуштиле земјата. Обединетите нации проценуваат дека 7,1 милион луѓе се раселени во земјата, според бројките објавени од ИОМ на 5 април.

Пред конфликтот, Украина беше дом на повеќе од 37 милиони луѓе на територијата контролирана од Киев – која не го вклучува Крим, анектиран од Русија во 2014 година, или областите на исток под контрола на проруските сепаратисти.

Полска е домаќин на убедливо најголем број бегалци. Од 24 февруари, 2.564.994 влегле во Полска, според УНХЦР. Многу од нив потоа патуваат во други европски земји.

Од оние кои остануваат во Полска, на 700.000 веќе им е доделен национален матичен број, соопшти УНХЦР. Полската гранична полиција проценува дека повеќе од 500.000 луѓе се вратиле во Украина по конфликтот. Полска пред војната имаше околу 1,5 милиони украински имигрантски работници.

Според агенцијата за бегалци на ОН, 678.081 луѓе отпатувале во Романија до 8 април, од кои повеќето пристигнале преку Молдавија, а потоа продолжиле во други земји.

Според УНХЦР, 406.611 Украинци влегле во Молдавија, мала земја со 2,6 милиони жители која е меѓу најсиромашните во Европа, но и најблиску до украинското пристаниште Одеса.

Според УНХЦР, од 8 април, Унгарија примила 413.888 Украинци. Бројот на бегалци во Русија заклучно со 8 април изнесува 389.845.

Помеѓу 21 и 23 февруари, 113.000 луѓе преминаа во Русија од сепаратистичките региони Доњецк и Луганск во источна Украина. До 7 април, Белорусија прими 19.096 луѓе од Украина.

МИА/Фото: СЗО/Украина

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени три лица во скопско поради предизвикување пожар

Редакција

Утре треба да пристигнат првите вакцини од Србија

Редакција

Кордалов за борбата со Ковид-19: Ве молам стишете со тоа „непредвидливо“ е, не знаете што на човек му се мота низ глава кога ќе му кажат дека е позитивен

Редакција