Европската комисија ја прифати кандидатурата на Град Скопје за престижното признание „Европска зелена престолнина“ во 2021 година.
„Оваа награда која е воведена во 2010 година го вреднува напредокот што ќе го постигне еден град во спроведувањето на зелените политики, односно напредокот во подобрувањето на животната средина. Со поднесувањето на апликацијата за ова признание Градот Скопје покажува стратешка определба да преземе конкретни чекори за почиста и поздрава животна средина, што е дел и од изборната програма на градоначалникот Шилегов“, информираат од Град Скопје.
За наградата „Европска зелена престолнина 2021“ се натпреваруваат девет града, и тоа Будимпешта (Унгарија), Калјари (Италија), Дижон (Франција), Лахти (Финска), Лил (Франција), Скопје (Македонија), Стразбур (Франција), Тирана (Албанија) и Вестерос (Шведска).
Фото: Град Скопје
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Твитер „удри“ по Шилегов: „Скопје не може за град да се кандидира, не пак за зелен“