еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Европската Унија испраќа оценска мисија во Скопје за работата на Судскиот совет

Европската Унија испраќа оценска мисија во Македонија за работата на Судскиот совет, по низата скандали и превирања изминатите неколку месеци. Ова го најави евроамбасадорот Дејвид Гир во интервју за Топ тема на ТВ Телма.

Гир рече дека тоа веќе и е предложено на Владата и се надева дека ќе се реализира најбрзо што може, бидејќи, како што вели, работата на Судскиот совет мора да се поправи.

-Мислам дека турбуленции е вистинскиот збор за тоа. Го следиме тоа одблиску со голема загриженост. Судскиот совет треба да игра многу значајна улога. Тој треба да ја штити и и промовира независноста, професионализмот и интегритетот на судството. Тое е неговата работа. Јасно е дека не го прави тоа. И она што го видовме неодамна е навистина…

Неодамнешните слчувања се многу загрижувачки. До толку што поради тоа ние и предложивме на Владата да распоредиме тука оценска мисија на високо ниво за Судскиот совет, за да ги најде начините на кои ние може да одговориме на прашањата за професионализмот, интегритетот и независноста, за тие навистина да можат да ја вршат својата работа во иднина, вели Гир.

Тој појаснува дека тоа е советодавна група, оценска мисија.

– Се надевам дека ќе може тоа да го направиме набрзо, но тоа покажува колку внимание ние посветуваме на владеењето на правото и колку важна ја сметаме улогата на Судскиот совет. Ова треба да се поправи, одговори Гир на прашањето за случувањата во Судскиот совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Врз одлуките на судиите влијаат нивните колеги, членовите на Судскиот совет, политичарите и бизнис елитите

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Грчката полиција во близина на Лерин уапси две лица за шверц на дрога од Македонија

Редакција

Вкупно ревакцинирани 187.120 граѓани

Редакција

До 300 милиони евра ќе бидат потребни за планот за непречено снабдување со струја

Редакција