еМагазин
Image default
Македонија

Европската Унија повикува на масовна излезност во вториот круг од претседателските избори

Првиот круг од претседателските избори помина на мирен и транспарентен начин, но потребни се дополнителни реформи во изборното законодавство велат, како што јави дописничката на МИА од Брисел, европските челници.

Портпаролката на ЕУ институциите, Маја Коцијанчич, за МИА порача дека, според извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР, „фундаменталните слободи на здружување и изразување беа почитувани“ во првиот круг претседателските избори вчера и дека генералната оценка за нив е позитивна.

-Останува потребно да се финализираат претходно започнатите реформи на изборното законодавство, потсетува Коцијанчич.

Европската Унија ги повикува граѓаните на Северна Македонија да го искористат своето гласачко право во вториот круг на 5-ти мај и масовно да излезат да гласаат.

-Ги охрабруваме граѓаните да го искористат нивното демократско право и да учествуваат во голем број во вториот круг за да се важи нивниот глас, сметаат европските челници.

Дополнително, Брисел им порачува на сите страни „да ги обезбедат потребните услови за кредибилен и транспарентен изборен процес и општа политичка стабилност“, стои во реакцијата на ЕУ за првиот круг од претседателските избори.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Боки 13 бил итно опериран во градската болница по воспаление на желудникот

Редакција

Пресудата во четврток: СЈО бара судот да го осуди Латас и на него и неговите браќа да им се одземат викендиците

Редакција

Кардиологот Игор Балевски се врати од Марибор доброволно да помага на Инфективната клиника

Редакција