еМагазин
Image default
Македонија

Европското знаменце не треба да се злоупотребува за скратување на дискусијата при носењето на важни закони, вели евроамбасадорот Гир

Амбасадорот на ЕУ, Дејвид Гир смета дека европското знаменце треба да се употребува само кога се во прашање закони што се поврзани со европските норми и стандарди, но не и да се користи за да се избегне јавната дебата при носењето на важни закони.

-Нема да коментирам поединечен закон, но сакам да го потенцирам генералниот принцип, што е од особена важност, дека скратената процедура во Собранието треба да се користи само кога се работи за специфични закони коишто се поврзани со европското законодавство.

Европското знаменце треба да се употреби само кога се во прашање закони што се поврзани со европските норми и стандарди. Причината поради која е дозволена употребата на европското знаменце при носењето на законите е за забрзување на реформите што се потребни за приближување кон европското законодавство.

Во никој случај тоа не треба да се користи за да се намали дискусијата за важни закони што се во прашање, истакна амбасадорот Гир во одговор на барањето упатено до него од Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) за коментар во врска со носењето на Законот за игри на среќа.

Од АСОМ, вчера, упатија повик до евроамбасадорот Гир за соодветна реакција, оценувајќи дека Владата прави злоупотреба на европското знаменце и без јавна дебата сака да го донесе новиот Закон за игри на среќа, со кој голем број вработени во оваа дејност ќе останат без работа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

АСОМ до евроамбасадорот Гир: Спречете злоупотреба на европското знаменце за новиот Закон за игри на среќа

МИА/Фото: Делегација на ЕУ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Редакција

Не сакам да верувам дека Касами се ставил во заложништво на Левица, изјави Ковачевски

Редакција

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати иницијативата за референдум, од партијата најавуваат широки консултации

Редакција