еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Фабриката „Кристал“ прослави 100 години од основањето

Фабриката „Кристал“ прослави 100 години од основањето, а од компанијата велат дека историјата го креира идентитетот.

Станува збор за единствена фабрика која произведува масло од сончогледовите насадите полиња на Македонија.

Во рамките на оваа фабрика се произведуваат повеќе од 80 производи, и се единствени извозници на македонско масло за готвење во САД, Канада и Европа.

Кристал АД1923 е добитник на бројни дипломи меѓу кои дипломи од Новосадски Саем, сертификати, награди, плакети и благодарници, меѓу кои и награда за најдобар квалитет на сончогледово масло.

„Квалитетот за компанијата е еден од нашите најголеми вредности. Постојано се вложуваме во раст и развој и напредна технологија како и штедење енергија и намалување на загадувањето,“ информираат од компанијата.

Фото: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина економистот и политиколог Владимир Глигоров, син на Киро Глигоров

Редакција

Во Чаир 54, во Сарај 39, во Гази Баба 34: Во кои скопски општини има најмногу активни случаи на Ковид-19

Редакција

Каков имот пријавил Бесник Авдија, кој е избран за претседател на Основен граѓански суд Скопје

Редакција