еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен“, проф. Дескоски за отварањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола

Професорот по меѓународно право, Тони Дескоски остро реагираше за отварањето на клубот „Ванчо Михајлов“ во Битола.

„Кој парадокс,

Дури и самиот Михајлов во 1944 се откажал од идејата да воспостави квислиншка фашистичка творба во Македонија, свесен за големиот народен отпор кон фашизмот и веќе извесниот пораз на Хитлеровата коалиција.

Да му се прави клуб на Хитлеровиот квислинг е обична спрдачина со НОБ и со антифашистичките традиции на македонскиот народ.

И ругање со слободарска Битола.

Очигледно нашите државни органи не си ја вршат работата.

И да сме на јасно, ова не е проблем само на бугарскиот премиер (иако тој би морал да е свесен дека Михајлов е Хитлеров и Павелиќев квислинг и да одбие да учествува во ваква ујдурма), туку е проблем на нашата држава.

Фашизмот ни се повампирува на голема врата, а никој не е надлежен.

п.с. Очекувам следниот клуб на оваа дружина да го носи името на Мане Мачков„ напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) „Ве описменивме“: Бугарската делегација во Битола пречекана со протести

Добрососедство не се гради со оживување на едно мрачно минато, вели за отворањето на клубот “Ванчо Михајлов“ градоначалникот на Битола

Фото: Фејсбук/Дескоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немало туби со гориво во автобусот на “Беса транс“, вели министерот Спасовски

Редакција

Јанакиески и Пешевски на суд: Продолжува судењето за „Траекторија“ на СЈО

Редакција

Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони склучи договор со “Жикол“ вреден 2,2 милиони евра

Редакција