еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фатиме Фетаи по мејл ја повлекла својата кандидатура за шеф на Вишото јавно обвинителство-Скопје

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, за МИА, информира дека по електронска пошта добиле известување за повлекување на кандидатурата на обвинителката Фатиме Фетаи за шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје, но дека ќе бараат потврда на веродостојноста на информацијата.

– Добивме мејл, но официјална потврда или негација нема. Јас побарав да ми се јави, но се уште немам повратна информација, изјави Јолевски за МИА.

Изборот на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје беше на дневен ред на 70-та седница на Советот на јавни обвинители во понеделникот на 14 ноември, но кога стигна оваа точка, беше одложена за, како што беше посочено, членовите да имаат доволно време за разгледување на досиејата на кандидатите.

Во трка за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје има тројца кандидати. Обвинителката Фатиме Фетаи, постојниот обвинител Мустафа Хајрулахи и Бурим Рустеми.

Јолевски, одговарајќи на новинарски прашања по седницата, појасни дека оценките и досиејата за секој јавен обвинител се од доверлив карактер и така и се разгледуваат, за што и било побарано дополнително време.

Продолжението на 70-тата седница на Советот за Јавни обвинители е закажано за в понеделник на 21 ноември.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа 15 лица од Ковид-19, вкупно до сега 3.403

Редакција

Директорот на Центар за јавно здравје за „Сител“: Корона вирусот станува поагресивен кај младите, повеќе нема контрола на кластерите

Редакција

Заев доби поддршка од Kоалицијата: Пендаровски ќе биде претседател на сите граѓани

Редакција