еМагазин
Image default
Македонија

Фетаи: Очекувам посилно темпо во борбата за правда и против криминал

Поранешната специјална обвинителка Фатиме Фетаи, од денеска и официјално виш јавен обвинител во Скопје, го оцени како позитивен чекор во насока на зголемување на потенцијалот, а со тоа и на ефикасноста во борба против корупцијата и криминалот изборот на петмина јавни обвинители во Вишото ЈО – Скопје и ист толкав број на јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал (ОЈОГОК).

По дадената заклетва во Советот на јавни обвинители, обвинителката Фетаи рече дека исто така позитивен чекор е воведувањето на почетни елементи на транспарентност во процесот на избор и унапредување на јавните обвинители во Вишото ЈО – Скопје, каде што таа е избрана заедно со другите колеги.

– Очекувам борбата за првада, борба против криминал да продолжи со уште посилно темпо. Меѓутоа сега од една друга поинаква, повисока позиција.

Во согласност со потребите на соодветните потреби на јавните обвинителства во државата очекувам и посакувам во најскоро време да бидат избрани и останатите колеги од поранешното Специјално јавно обвинителство, меѓутоа и други колеги обвинители од другите обвинителства во државата кои со своето работење се докажани како врвни професионалци, изјави Фетаи.

Свечената заклетва на новите избрани јавни обвинители во Вишото јавно обвинителство Скопје Фатиме Фетаи, Наум Пановски, Сашо Рајчев, Бурим Рустеми и Снежана Бундалевска-Георгиева, следеше од како во минатата недела истите беа избрани со мнозинстов гласови во седница на Советот на јавни обвинители.

Воедно свечени изјави денеска дадоа и јавните обвинители Лиле Стефанова, Наташа Поп-Трајкова, Артан Ајро, Трајче Пеливанов и Катерина Коларевиќ, кои од денеска се дел од проширениот тим на ОЈОГОК, предводен од јавната обвинителка Вилма Русковска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фетаи, Пановски, Рајчев, Рустеми и Бундалевска-Георгиева дадоа заклетва пред Советот на јавни обвинители

Заглавен предметот за бонусите на обвинителите од поранешното СЈО

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ѓерѓ Дедај именуван за нов амбасадор на Косово во Македонија

Редакција

Обинителството ќе поднесе жалба за условната казна за сообраќајката кај Млечен

Редакција

Грција го отворила прашањето за „контраверзната“ изјава на Заев за “јазикот и македонското малцинство“ со Столтенберг

Редакција