еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ +“, со негативен изглед

Кредитната агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на Македонија на „ББ +“, со негативен изглед.

Како што нотира агенцијата, рејтингот на Македонија е поддржан од доброто владеење, позитивната бизнис клима, како и кредибилната и кохерентната макроекономска и финансиска политика конзистентна со долготрајниот фиксен девизен курс, информираат од Министерството за финансии.

Како што соопшти Министерството, агенцијата предвидува годинава да се постигне економски раст од 3,9 проценти, и 4,3 проценти во 2022 година, при што истиот главно ќе зависи од пандемијата во земјава и главните извозни пазари.

„Кредитниот рејтинг на една земја го покажува степенот на ризик од инвестирање во една земја, и е еден од клучните индикатори кои потенцијалните инвеститори ги земаат предвид при носење на нивните одлуки.

Оценките на кредитните агенции влијаат на одлуката на инвеститори кои размислуваат за инвестирање во регионот. Кредитниот рејтинг позитивно влијае врз одлуките за инвестирање во една земја, што понатаму уште повеќе ќе влијае за повисок економски раст, повисок извоз, повисока вработеност и повисоки плати.

Агенцијата во својот извештај воедно нотира дека конкурентните трошоци за работна сила и покрај зголемувањето на платите, како и добрите владини политики насочени кон привлекување на странките директни инвестиции и прогресот на преговорите за членство во ЕУ исто може да придонесе за подобрување на изгледите за привлекување странски директни инвестиции“, се наведува во соопштението од Министерството.

Потврдата на кредитниот рејтинг на државите во време на пандемија исто така влијае и на  намалување на трошоците за долгот на државата, со што се постигнуваат заштеди во каматите.

“Имено, годинава како резултат на добрите економски политики, но и на потврдата на кредитниот рејтинг од страна на кредитните агенции беше причина за издавање еврообврзница по историски најниска каматна стапка“, велат од Министерството.

Агенцијата исто така во извештајот ги нагласува и стабилните девизни резерви, посочуваат од Министерството.

„Негативниот изглед во потврдениот кредитен рејтинг е одраз на надолните ризици на јавните финансии и економскиот раст на краток рок пред се поради пандемијата предизвикана од коронавирусот“, појаснуваат од Министерството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: Семејството на Верица, која спаси неколку граѓани, ќе добие стан на користење во Струмица

Редакција

Кој е Ристо Пенов, кој ЛДП го предложи за нов министер за локална самоуправа на местото на Милевски

Редакција

Кривична за градоначалникот на Куманово, Димитриевски

Редакција