еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: Доколку заразата се шири со оваа динамика, многу брзо ќе недостасуваат кревети и медицински кадар во болниците

Од огромна важност е граѓаните да ги почитуваат мерките за да ни помогнат здравствениот систем да остане одржлив, во битка со ковид пандемијата, апелираше министерот за здравство, Венко Филипче во интервју на телевизија Сител.

Министерот рече доколку заразата се шири со оваа динамика многу брзо ќе недостасуваат кревети и медицински кадар во болниците.

Филипче нагласи дека актуелните мерки, постепено ќе даваат резултат, но непредвидливоста на вирусот, може да доведе до повторно зголемување на бројот на заразени, а тоа ќе значи огромен притисок врз болниците.

-Сите сме во оваа битка, многу е важно граѓаните да ни помогнат со почитување на мерките. Нема да може да издржиме уште многу, ако оди со оваа динамика. Ќе се преполнат болниците и тогаш веќе ќе имаме ситуација во која што може да недостасуваат и кревети и кадар.

Искрено се надевам дека мерките постепено ќе даваат и ќе дадат резултат, за разлика од пред неколку недели, R0 факторот на преносливост сериозно се намали од 1,5 на близу 1 и тоа влева доза на оптимизам, но тоа не значи дека притисокот кон болниците ќе се намали.

Непредвидлив е вирусот и болеста како клиничка форма не знаеме, што може да се случи и со ваков линеарен раст огромен ќе биде притисокот и проблемот во болниците, што всушност и сега веќе е и се случува. Апелирам да се почитуваат овие мерки, рече Филипче.

Министерот информираше дека веќе се наполнија првите спратови во зградата на интерните клиники, обезбедени се кревети и кадар, но оди сé потешко. Граѓаните со полесна клиничка слика се испраќаат на домашно лекување за да се обезбедат места за пациентите на кои им е потребна хоспитализација, објасни министерот.

Предвидено е да се ослободат дополнителни места и на хируршките клиники, како и дополнителни капацитети во ГОБ 8 Септември, но за кратко време можно е и тие места да се пополнат.

„Сите болници и здравствени установи во државата, за прв пат во историјата лекуваат само една патологија, тое е така насекаде во светот, затоа од голема важност е граѓаните со почитување на мерките да се заштитат себе си и останатите, а така да му помогнат и на здравствениот систем,“ додаде тој.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Куновска: Колку ли е “висока” довербата во системот и вредностите на ЕУ од нејзините членки ако Бугарија бара дополнителни гаранции за правата на своето малцинство

Редакција

Шокаровски вратен на директорското место во Кардиохирургија

Редакција

И Русковска добила закани: Ми се закануваа дека ќе ме убијат ако не ги осудам Зоран и Вице Заеви

Редакција