еМагазин
Македонија

Комисијата за заразни болести предложи учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите онлајн настава

Учениците до трето одделение да одат во училиште, а за останатите да има онлајн настава односно да учат од дома, предложи Комисијата за заразни болести на денешниот состанок со претставници на Министерството за образование и наука.

Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој рече дека за овој предлог на Комисијата треба да се дискутира на седница на Владата и да се донесе конечна одлука.

„За градинките следниот понеделник или вторник ќе имаме уште еден состанок со Министерството за труд и социјална политика, тие ја ажурираат бројката, бидејќи сега гледаат колку деца ќе се испишат, а колку ќе се запишат, па врз основа на тоа да се направи“, додаде Филипче.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наставата се уште под прашалник: МОН да обезбеди детални податоци за бројот на ученици по паралелки

Филипче: Комисијата за заразни болести е за онлајн-настава, освен за првачињата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинение за смртта на родилката во „Санте плус“

Редакција

Кадриу од Алијансата за Албанците, се приклучи на „огнената група“ на ДУИ

Редакција

Убава вест: Оздравени 9 лица од Ковид-19

Редакција