еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Филипче: Маската штити од Kовид-19, настинки и од аеро загадувањето

Министерот за здравство Венко Филипче во гостување во вестите на телевизија „Сител“ објасни дека поради неколку работи се препорачува заштитна маска на отворено.

Тој изјави дека кога се спортува маска не треба да се носи, но на отворено при контакт со група на луѓе кои поради кашлање и кивање може да се влезе во близок респираторен контакт – во овој случај маската штити од трансмисија на вирусот.

„Заштитната маска, штити сега и во ладното време кога треба секој да внимава на своето здравје заради тоа што сакаме да ги заштитиме болниците дури и од пациенти коишто би дошле на преглед и за обични настинки.

Штити од загадувањето, има докази и публикации каде што ПМ-10 честичките помагаат да вирусот патува подолго од вообичаените 1-1,5 метри нормално со флигиовите капки при близок респираторен контакт и тоа е нешто што исто така штити од трансмисија на вирусот.

Значи ова не е случајно препорачано, не се случајно избрани ниту исклучоците кога се спортува секако на дистанца, кога човек е сам во моторно возило или се членови на неговото семејство. Значи тоа се мерки кои се имплементираат во цела Европа“, потенцираше Филипче.

Филипче истакна дека граѓаните треба да се свесни, да ги почитуваат мерките затоа што така го штитат и сопственото здравје и здравјето на луѓето околу нив.

Доколку се спортува и имате забрзано дишете тогаш маската го отежнува дишењето, но при обична прошетка кога има можност при влегување во некоја група на луѓе, сретнување со луѓе добро е и препорачано е маската да се носи.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починатото бебе од Прилеп имало бактерија Ешерихија коли во дишните патишта

Редакција

Наутро студено време, преку ден сончево со пораст на температурата

Редакција

(Галерија) Работниците од трета смена изненадени со „Флерт Кафица“ за полесно минување на ноќта

Редакција