Министерот за здравство Венко Филипче денеска при посетата на Институт за судска медицина најави дека од 21 јануари кафулињата и рестораните повторно ќе работат до 21 часот, а ќе се разгледува барањето дали тие би работиле и до 23 часот.
Тој оцени дека епидемиолошката слика во земјава е стабилна, се намалува бројот на хоспитализрани пациенти во болниците и има слободни болнички кревети
„Мерките кои беа воведени пред Нова година додоа резултат, имаме стабилна состојба и засега друго олабавување нема да има“, рече Филипче.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.