еМагазин
Image default
Македонија

Филипче: На Инфективната клиника се лекуваат 54 пациенти, четворица се критични, а 20 се со кислородна маска

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во овој момент се лекуваат 54 пациенти, четворица се во критична состојба, а 20 освен редовната терапија, имаат потреба само од кислородна маска.

Останатите се со лесна клиничка слика без потреба од поддршка на дишењето во смисла на дополнителен довод со кислород, истакна попладнево на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче. 

Тој посочи дека во изминатите 24 часа се направени 392 тестирања, а потврдени се 44 нови случаи дијагностицирани со коронавирусот и тоа во Куманово – 23, Скопје – 12, Тетово – 2, Битола – 3, Струга – 2, Штип – 1 и Прилеп – 1, со што вкупниот број потврдени случаи во државава изнесува 329.

Што се однесува до ГОБ „8 Септември“, посочи тој, во текот на утринскиот состанок на Комисијата за заразни болести разговаравме за моделот според кој може да се забрзаат резултатите со оглед на тоа што огромен број пациенти доаѓаат и за друга здравствена услуга, како и директно заради сомнение поради воспаление на белите дробови и еден дел од тие мобилни тимови ќе биде посветен на земање на анализите од ГОБ „8 Септември“, додека другиот мобилен тим кој го најавивме минатата недела ќе работи преку системот на закажување и ИЈЗ, пред се за повозрасните граѓани со цел тие да не излегуваат од дома и брис да се зема во домашни услови.

„Веќе е во функција пунктот во Чаир, а утре се отвора пунктот во Поликлиниката Идадија со што капацитетот на пунктовите во Скопје двојно се зголемува. До крајот на неделава започнуваат со работа и останатите пунктови ширум држава во здравствените домови.

Денеска ги очекуваме резултатите од тестирањето на двајца пациенти од Битола и жената од Лабуништа која е почината вчера. Материјали се земени кај двајцата непосредно по смртта“, информира Филипче.

Во врска со Мобилната болница поставена до Инфективната клиника, појасни дека таа е при крај, таму се поставуваат креветите, завршен е доводот со воздух, понатаму грееењето и ладењето.

„Во текот на утрешниот ден ќе биде во функција, а целосно до крајот на неделата. Се уште има слободен капацитет и на Клиниката за инфективни болести каде исполнетоста е 50 проценти.

Во тек е надополнувањето со кадри од Клиниката за анестезиологија, медицински сестри од другите клиники согласно планот за ротација и поддршка на персоналот кој работи на Инфективната клиника“, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вкупно девет починати: Двајца мажи жртви на корона вирусот, едниот на 45 години другиот на 78

Коронавирусот мутира и има осум видови, тврдат експерти

Кои се најчестите симптоми и хронични заболувања кај заболените со коронавирусот во Македонија

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Даниела Николова е новата пратеничка од СДСМ

Редакција

Нови 447 случаи на Ковид-19 од 3.034 тестирања

Редакција

Ковачевски утре на средба со партнерите од владината коалиција

Редакција