еМагазин
Image default
Македонија

Филипче за ТВ 24: Доста ми е од политика, се враќам на Клиниката за неврохиругија

Министерот за здравство Венко Филипче за ТВ 24 вели дека веднаш по завршување на владината реконструкција, односно изборот на новата Влада, тој ќе се врати на својата основна професија на Клиниката за неврохиругија.

„Ова беше едно големо искуство, но доста е од полтика – се враќам на мојата основна професија како неврохирург во Клиничкиот центар“, вели Филипче.

На прашање на ТВ 24 дали размислува за амбасадорско место или друг ангажман во политиката, вели дека такво нешто не е опција. Засега не размислува во таа насока. Смета дека најмногу може да допринесе во здравство преку неговата професија.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Благодарение на вакцините од Србија, Македонија почна со вакцинација, пишуваат грчките медиуми

Редакција

Убава вест: 336 оздравени од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Од корона вирусот оздравени 112 пациенти, од Скопје 42

Редакција