На 21.07.2019 полициски службеници го привеле О.А. (29) од Скопје поради извршена кражба на возило, информира МВР.
Веднаш по добиена пријава од Е.К.Г, (33)дека во близина на трговски центар во Скопје му е одземено возило „БМВ Х5“, преземени се соодветни мерки и возилото е сопрено на крстосница од ул.„Жан Жорес“ со ул.„Благоја Стефковски“, а О.А. е приведен.
При приведувањето О.А. физички нападнал полициски службеници, но бил приведенво ПС Гази Баба и против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.